среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Познат американски рапер обвинет за убиство на своите другари: Го разоткрила неговата најпопуларна песна (ВИДЕО)

Познат американски рапер обвинет за убиство на своите другари: Го разоткрила неговата најпопуларна песна (ВИДЕО)

Раперот во подем “YNW Melly” од Флорида беше уапсен од американската полиција поради сомнение дека е одговорен за убиството на неговите двајца другари за кои што дури и напишал песна.

Полицијата соопшти дека Мели е обвинет за убиството на неговите двајца другари, кои откако ги убил, организирал сето тоа да изгледа како напад на вооружена банда од автомобил. Откако двајцата негови другари биле убиени, тој веднаш се огласил на социјалните мрежи, а потоа дури и напишал песна.

„Ми ги зедоа моите браќа поради љубомора. Знам дека сите ме гледате мене“, напиша Мели на Инстаграм набрзо после убиството.

Апсењето на раперот, чие што име е Џамел Демонс, нагло ја прекинало неговата кариера која што била во подем. 19-годишниот рапер неодамна започнал турнеја, а неговиот Инстаграм бил преполн од фотографии со пари, дијамантски накит и злато.

 

View this post on Instagram

 

? #WeAllShine Tour tickets link in bio ‼️✨ drop a ? if you coming ??

A post shared by Melvin & Melly 2 Face ? (@ynwmelly) on

Минатиот месец тој соработувал и со познатиот рапер Канје Вест на новата песна “Mixed Personalities” која веќе има над 17 милиони прегледи на Јутјуб. Тој објавил и порака на Инстаграм во која на своите фанови им потврдил дека се предава на полицијата.

„Сакам да знаете дека ве сакам сите. Пред неколку месеци ги загубив моите браќа во насилство и сега системот ја бара правдата. За жал, се зборуваат лаги, но не се грижете, Бог е со мене и мојот брат“, напиша тој.

Како што пренесува „СиЕнЕн“, на раперот не му било дозволено да плати кауција за ослободување. Антонио Вилијамс и Кристофер Томас Џуниор биле убиени на 26-ти октомври. Тие имале повеќе прострелни рани и биле прогласени за мртви во болница. Во болница ги довел Кортлен Хенри чија што првична изјава, не одговарала на тоа што го откриле детективите.

Понатамошната истрага и форензичките докази откриле дека раперот пукал и ги убил Вилијамс и Томас, па потоа тој и Хенри направиле сцена за сето тоа да изгледа како да е последица на пукање од автомобил.

После веста дека е уапсен, многумина започнаа да ја споделуваат неговата песна “Murder on my mind” (Убиство на ум) во која што во прво лице говори за случајното убиство на неговите другари. Инаку, кога бил на судење за прекршување на условна казна, обвинителот прочитал делови од песната во судницата, поради што се верува дека песната го разоткрила.

Најнови вести