По информациите кои излегоа во јавноста дека Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се претепани во затвор, КУРИР побара одговори од сите надлежни.
Од Основниот суд Скопје 1 за КУРИР потврдуваат дека се случил настанот, но детали не соопштуваат.
-До судот е пристигнато известие за физички напад. Судија утре ќе оствари посета на судот и ќе констатира за што станува збор, ни одговорија од Судот.
На нашето прашање зошто не се постапи веднаш, туку ќе чекаат до утре, од Судот ни одговорија дека посетите се редовни и се случуваат во петок.
Министерството за правда молчи за овој случај. Редакцијата на КУРИР и покрај многубројните повици, не доби ниту еден од вработените за изјава.