Кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ вчера беше погребан во алејата на заслужните на гробиштата во Белград.
На погребната церемонија присуствуваа околу пет илјади луѓе од естрадата, шоу бизнисот, политичкиот свет, роднините пријателите, како и многуте фанови на пејачот од целиот регион.
По погребот пејачката Мина Костиќ падна на колена на неговиот гроб, а целото време пејачката ја придржуваше еден маж.
Таа во солзи и лелеци се опрости од својот колега и не можеше да проговори ниту еден збор од тага.
Инаку на пејачката минатиот месец и почина мајка и, а претходно јавноста е сведок на трагичната смрт на нејзиниот татко на кого ќе му посвети и песна.
Особено јавноста е потресена по нејзината исповед дека нејзината сестра се удавила во вода на само 13 години.