недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поранешниот амбасадор во земјава Филип Рикер ќе го замени Вест Мичел

Поранешниот амбасадор во земјава Филип Рикер ќе го замени Вест Мичел

Поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, е назначен за заменик на помошникот на државниот секретар на Америка, објави Катимерини.

Тој ќе го замени Вес Мичел и ќе ги преземе своите должности во март.

Филип Рикер беше амбасадор во Македонија од 2008-2011 година – назначен од администрацијата на Џорџ Буш – и асистент на помошникот на државниот секретар, одговорен за европските прашања, од 2011 до 2013 година.

Вес Мичел поднесе оставка пред неколку месеци, а беше особено ангажиран околу склучувањето на Преспанскиот договор и разрешувањето на кризата во Македонија.