За време на својата посета во Виена пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ како шеф на македонската делегација во ПС на ОБСЕ оствари повеќе билатерални средби.
Ѓорчев се сретна со претседателот на парламентот на Австрија, сенатори од САД и лидерот на опозицијата од Албанија.
Влатко Ѓорчев оствари срдечна средба и со претседателот на парламентот на Австрија од редовите на нивната сестринска Австриска народна партија.
Ѓорчев се обрати и до јавноста преку свое видео на Фејбуск.
-Го користев името Македонија во сите обраќања и средби. Ја кажав реалноста за македонските состојби и фијаското на актуелната власт.