недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Ништо од ветувањата на Владата за инвестициски бум- Катастрофална реализација на капиталните инвестиции од само 1,09 %

Ништо од ветувањата на Владата за инвестициски бум- Катастрофална реализација на капиталните инвестиции од само 1,09 %

Реализацијата на капиталните трошоци за месец јануари 2019 година изнесува катастрофални 1,09 %.

Имено денеска излезе официјалниот извештај за извршувањето на буџетот на Република Македонија за 2019 година за месец јануари и податоците се катастрофални.

Инаку, Владата ветуваше инвестициски и градежен бум но официјалните податоци го покажуваат сосема спротивното. Инвестиции нема, градежништвото е во пад, додека нема никакви најави за позитивни придвижувања во и онака слабата македонска економија.

Министерот за финансии Драган Тевдовски ветуваше и зголемени инвестиции и зголемена активност во градежништвото но како што е видливо нема никакви изгледи за економски бум.

Инаку, лани Македонија имаше историски најслаба реализација на капитални инвестиции односно само 65,5 %.