четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ким Џонг Ун пристигна во Ханој, светот ја чека неговата средба со Трамп

Ким Џонг Ун пристигна во Ханој, светот ја чека неговата средба со Трамп

Лимузината на Ким Џонг Ун лидерот на Северна Кореја влезе во главниот град на Виетнам, Ханој, каде што ќе се одржи вториот состанок Ким-Трамп.

Ова ќе биде втор состанок на лидерот на Северна Кореја и американскиот претседател, осум месеци по нивниот прв самит, оценет како историски.

Патиштата поради Ким Џонг Ун се затворени, од границата со Кина се до Ханој, околу 170 километри, а војниците и полицијата се менуваа околу хотелот Мелиа каде Ким треба да престојува.

Голем број граѓани и претставници на медиумите стоеја зад барикадите во надеж дека ќе го видат лидерот на Северна Кореја.

Лидерот на Северна Кореја пристигна со група соработници, вклучувајќи ја и неговата помлада сестра.

Ким патувањето за Ханој го започна на 23 февруари со воз. Додека Доналд Трамп треба да пристигне попладне по локално време со познатиот американски претседателски авион.

Состанокот во Сингапур, нивната прва средба, е обележан со нејаснотии кои би требало да се отстранат на самитот во Ханој, кој ќе се одржи во среда и четврток.

Ким во јуни се обврза да „работи на целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров“. Но, недостаток на напредок во тој поглед укажува дека двајцата лидери само барале бомбастички наслови и краткорочни потези.

Американскиот претставник за Северна Кореја Стивен Бигун неодамна призна дека Пјонгјанг и Вашингтон „не се согласиле за значењето“ на денуклеаризацијата.