четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Разделени пријателки од детството споени од судбината: 70 години подоцна, повторно заедно (ФОТО)

Разделени пријателки од детството споени од судбината: 70 години подоцна, повторно заедно (ФОТО)

Нора (91) и Ејлин (89) се две најдобри пријателки од детството кои изгубиле контакт, а по 70 години повторно се сретнале во старечки дом.

Нора била префрлена во нов старечки дом во август и се изненадила кога во јануари дошла нејзината пријателка од детството со која изгубила контакт, Ејлин.

Двете се познале веднаш штом се виделе иако биле одвоени и немале контакт 7 децении.

-Не верував дека повторно ќе ја видам Ејлин откако ни се разделија патиштата како деца и многу ми е драго што ја гледам. Не ми се верува дека сега ќе живее заедно со мене и ќе се гледаме секој ден. Многу сум среќна што имам најдобра пријателка повторно во животот, се чувствувам како ништо да не се променило, изјавила Нора.

Откако се разделиле во тинејџерските денови, тие сега повторно се обединуваат и не може да бидат посреќни што ќе поминуваат време заедно, а семејството на Ејлин сега се грижи и за Нора, бидејќи таа нема нејзино.

Замислете колку е голема среќата на двете пензионерки што нема да повеќе да бидат осамени.

Извор: ЦрноБело