понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Полицајци халуцинирале на должност, изеле колачи со дрога

Според весникот „Торонто стар“, пред целиот настан, во тек била полициска акција во блискиот локал за дистрибуција на марихуана, чија употреба во Канада е легална за медицински цели.
Полицајци халуцинирале на должност, изеле колачи со дрога

Еден полицаец од Торонто побарал помош од колеги додека бил на должност. Повикот „за засилување“, меѓутоа, не бил упатен поради вооружен инцидент, грабеж или давање отпор при апсење, туку поради „трева“.

Двајца канадски полицајци, чии имиња не се соопштени на медиумите, наводно изеле колачи или грицки кои содржеле марихуана и, потоа почнале да халуцинираат.

Еден од полицајците потоа повикал засилување. Според некои канадски медиуми, повикот бил упатен откако еден од нив двајцата претходно завршил на дрво.

Кога стигнала помошта, ги затекнале во автомобилот, а еден од нив двајца завршил во болница.

За ситуацијата да биде уште полоша, еден од полицајците кои дошле да помогнат исто така завршил во болница затоа што приоѓајќи до возилото се лизнал и ја повредил главата.

Според весникот „Торонто стар“, пред целиот настан, во тек била полициска акција во блискиот локал за дистрибуција на марихуана, чија употреба во Канада е легална за медицински цели.

Не е познато дали двајцата полицајци учествувале во акцијата. Некои медиуми јавија дека во акцијата претходно биле запленети некои производи.

Двајцата полицајци се суспендирани и против нив е покрената истрага. (МИА)