Денеска на седницата за пратенички прашања се обрати и Крсто Јовановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, кој говореше за доделување на парични средства за културни институции и проекти од страна на Министерството за култура.
Денес сакам да проговорам малку за она од каде доаѓам јас. Доаѓам од сферата на културата. Многумина од вас ќе си кажат да многу се зборуваше за околу распределбата на средства во Министерството за култура, рече Јовановски.
Јовановски појасни дека она што е во овој момент карактеристично е навистина лошата распределба на финансиските средства оваа година. Па и минатата имаше такви во однос на некакви институции во културата кои во изминатите 20,30,40,70 години биле многу значајни за нашата држава.
Откако се објави оваа распределба за финансиските средства по разни институции по културата, и по институциите и по проектите, имаше лавина од незадоволство и тоа оправдано, нагласи Јовановски.