петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се огласи поранешниот свршеник на Лејди Гага

Се огласи поранешниот свршеник на Лејди Гага

Поп-пејачката Лејди Гага (32) пред две недели ја раскинa свршувачката со нејзиниот менаџер Кристијан Карин (50), а како можна причина за тоа се наведува нејзината афера со нејзиниот колега-глумец од филмот „Ѕвездата е родена“, Бредли Купер.

Нивната врска сепак, сѐ уште е на ниво на гласини, а страстната заедничка изведба на „Shallow“ на доделувањето на Оскарите, само ги разгоре озборувањата.

Хемијата меѓу Купер и Гага на сцената, веќе неколку дена е топ-тема на светските таблоиди, а за тоа имаше бројни реакции од други шоу-ѕвезди.

Сопругата на Купер, манекенката Ирина Шајк прва стана да им ракоплеска по настапот, и потоа навести дека таа „хемија на сцената“ не значи ништо, но медиуми откриваат дека таа и Лејди Гага веќе не се следат на социјални мрежи.

По сѐ ова, забележливо е и тоа што еден следач на Тејлор Кини – поранешниот свршеник на пејачката, прокоментира дека нему сигурно „му е драго што навреме се ослободил од неа“.

Актерот не го потврди, но ниту го порече тоа, туку само стисна „лајк“.

Лејди Гага беше свршена со Кини од 2015 до 2016 година, а прекинот го правдаа со многуте работни обврски.

Најнови вести