Ал џезира јавува дека дошле до нови докази кои упатуваат на тоа дека распарченото тело на новинарот Џамал Кашоги најверојатно било изгорено во печка.
Како што наведува катарската агенција, повикувајќи се на свои извори, но и на најнови снимки од резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул, се верува дека телото на саудискиот колумнист на Вашингтон пост било запалено на над 1.000 степени, во печка специјално наменета за тоа.
Кашоги исчезна во октомври 2018, кога влезе во амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул, по што му се изгуби трагата. По повеќенеделниот притисок, саудиската амбасада им дозволи на турските власти да влезат во објектот и да го пребараат. Меѓутоа, како што тогаш јавија голем број експерти, извршителите имале сосема доволно време да ги отстранат сите докази.
Al Jazeera has obtained exclusive pictures from the Saudi consul general’s home in Istanbul that shed more light on the murder of Jamal Khashoggi and its aftermath. pic.twitter.com/NVchaxwN5f
— Al Jazeera News (@AJENews) March 4, 2019