Популарноста на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ расте од ден на ден се повеќе.
За време на Светското првенство во фудбал минатата година Колинда беше вистински хит, а по завршувањето целиот свет се заинтересира за нејзиниот живот.
Светот отиде дотаму, па дури и најде двојничка која вози автобус во Африка, а овој пат хрватските медиуми пишуваат за нова двојничка која несомнено наликува на неа.
Станува збор за актерката Кони Бритон која има освоено две ЕМИ награди и Златен глобус, а публиката најмногу ја познава по улогата во серијата „American Horor Story“.
Како што пишуваат хрватските медиуми нејзините образи, нос и коса наликуваат на нивната миленичка, а особено кога ќе се насмее тие две се близначки.