вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Митевски се сомнева за чистка во МВР по партиски клуч: Спасовски треба да си поднесе оставка

Митевски се сомнева за чистка во МВР по партиски клуч: Спасовски треба да си поднесе оставка

Поранешниот прв човек на ДБК  Горан Митевски во емисијата Отворено на Алфа телевизија истакна дека постои голема злоупотреба во МВР при промена на раководните кадри без интерен конкурс, како и изборот на несоодветниот кадар кој што се вработува во министерството.

Митевски вели дека има случаи каде забни техничари се вработуваат во МВР и во бирото за јавна безбедност иако имаат несоодветно образование со самото тоа што се роднини на некои партиски функционери и пратеници од владејачкото мнозинство.

-Министерот Спасовски не ги објасни критериумите за избор за во Агенцијата за национална безбедност  на оние лица кои треба да преминат во новата агенција,односно кој од нив е подобен или не, после две години од неговото министерување имајќи ги сите механизми во рака, треба да си поднесе оставка зошто тоа го премолчел 2 години, доколку во МВР имало увидел несоодветен кадар, вели Митевски.

Тој истакна дека според новиот најавен закон сите вработени нема да преминат во новата агенција, туку се очекува добар дел од нив да бидат отпуштени без притоа да се објаснат критериумите како тоа ќе се селектира.

Доколку се стави директор на новата агенција кој што ќе биде партиски кадар тоа ќе биде потврда на моите сомневања дека ќе се случи одредена чистка по партиски клуч, вели Митевски за Алфа.

Најнови вести