Најмалку 16 лица загинаа, а деветмина се повредени, во неколку експлозии кои избувнаа рано изутринава во источниот дел на Авганистан во градот Џалалабад, соопштија локалните власти.
Според информацијата, цел на нападот била приватна градежна компанија во близина на аеродромот.
Прво биле извршени два самоубиствени напада на влезот од компанијата, а потоа тројца вооружени мажи влегле внатре и отвориле оган. Нападот траел повеќе од пет часови.
-Двајца напаѓачи ги активираа експлозивите кои се наоѓаа во нивните елеци, а други двајца беа застрелани од безбедносните сили, истакна портпаролот на провинцијата, Атаулах Хогиани.
Засега никој не преземал одговорност за нападот.