петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Удрија 1.500 громови во рок од минути

Удрија 1.500 громови во рок од минути

Во Јужна Калифорнија удрија 1.500 громови во рок од пет минути, соопштија локални медиуми повикувајќи се на американскиот синоптички центар.

-Од нив, 230 биле регистрирани над Санта Барбара и 40 над Лос Анџелес, соопштија метеоролозите и објаснија дека ова е премногу.

Синоптичарите ги предупредија луѓето да не ги напуштаат своите домови.

Авионот на Делта за Сиетл бил принуден да се врати во Лос Анџелес, откако бил удрен од гром. Нема повредени. Кратко била прекината и струјата на три терминал на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.