Хунтата на власт по директива на Зоран Заев врши класична тортура, политички прогон, малтретира и затвора политички неистомисленици. На удар се чесни и искрени патриоти, чиј единствен грев е што си ја сакаат сопствената држава. Десетиците притворени македонски граѓани не се терористи, туку луѓе со реноме, углед, чест, достоинство и долгогодишни кариери кои никогаш не сториле никакво делло кое се коси со законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Хунтата продолжува да се изживува со нив и во истражниот затвор. Притворените се оставени на минусни температура во ќелии со мувла во кои што нема греење, а прозорите се распипани. Ова нечовечно и бездушно постапување на хунтата на власт мора да заврши. Овој политички прогон мора да запре, граѓаните заслужуваат правна држава, слобода и еднаквост за сите, стои во партиското соопштение и се додава:
ВМРО-ДПМНЕ бара-
1.Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
2.Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
3.Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.