По повеќе децении лобирање и молби канадските сенатори изгласаа промена на текстот на химната на англиски јазик со што сега текстот е родово неутрален и ги опфаќа сите Канаѓани и Канаѓанки.
Сенаторите изгласаа промена на вториот стих на химната. Вториот стих од „разбуди вистинска патриотска љубов во сите свои синови“ е сменет во „разбуди вистинска патриотска љубов во сите нас“.
– За да се случи ова мала, но значајна промена требаше да поминат речиси 30 години, изјави канадска сенаторка Франсис Ларкин.
Конзервативците инсистираа за смената на химната да се прашаат сите Канаѓани, а не само сенаторите.
Во изминатите децении имаше 12 законски предлози за измена на текстот на химната на Канада, всушност само на верзијата на англиски јазик, бидејќи француската варијанта има друг текст и го нема спорниот текст.