Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски денеска е во работна посета на Делчево.
-Во Делчево огромен е револтот од неправдите, од немаштијата, од задушената мисла и слобода, од иселувањето, од злобата која власта ја практикува. Пораката на луѓето е дека мораме на ова зло да му застанеме на патот, да го спречиме, да ја вратиме државата на народот, да им овозможиме на децата наши, услови да си останат во Македонија. Пораката е да ги вратиме правото и правдата. Пораката е на 21ви Април да гласаме за новиот Претседател на Република Македонија, проф. Гордана Силјановска Давкова и со тоа да дојдеме до предвремени избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе ја врати одземената слободата и ќе ја врати надежта кај луѓето, стои во неговиот Фејсбук статус.