вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Дневен хороскоп: Овој хороскопски знак нека се надева на брак, а овој знак веднаш да посети лекар

Дневен хороскоп: Овој хороскопски знак нека се надева на брак, а овој знак веднаш да посети лекар

ОВЕН

Работа: Многу тежок ден е пред вас и многу од работите нема да одат онака како што посакувате. Немојте да влегувате во нови работи денеска.

Љубов: Исклучително сте загрижени за работа и тоа ве кочи во љубовното поле.

Здравје: Не ви е поволно здравјето, посетете лекар.

БИК

Работа: Компликации на работа ве очекуваат и ќе ви треба доста трпение за да успеете сето тоа да го решите.

Љубов: Разочарани сте од саканата личност и сметате дека работите меѓу вас двајца одат во погрешен правец.

Здравје: Замор.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Немојте да брзате и потрудете се да бидете доволно концентрирани кога ја работите својата работа за да не направите некоја грешка.

Љубов: Иако сте мислеле дека сакате прекин на врската, вашиот партнер направил нешто што ве предомислува.

Здравје: Психички сте напнати.

РАК

Работа: Сте изгубиле надеж дека ќе се појави личност со која ќе може да остварите добра и стабилна соработка.

Љубов: Иако умеете да бидете наклонети кон барање на стабилност, денеска не сте расположени за врска.

Здравје: Проблеми со нервите.

ЛАВ

Работа: Можно е да немате важни работни случувања кои ќе ве доведат до добри промени.

Љубов: Дистанцата меѓу вас и саканата личност го зема данокот. Можно е наскоро да дојде и до прекин на врската.

Здравје: Водете сметка за грбот.

ДЕВИЦА

Работа: Ако планирате патување, пред вас е добар ден низ кој можете да очекувате позитивни случувања.

Љубов: Ви се допаѓа личност која се покажала како оригинална, своја и поинаква од другите.

Здравје: Водете сметка за циркулацијата.

ВАГА

Работа: Ве загрижуваат трошоците, и финансиите не ви се генерално онакви какви што сте очекувале.

Љубов: Ја губите довербата во партнерот. Пред вас е многу неповолен период во кој ќе имате проблеми во врската.

Здравје: Можни воспаленија и инфекции.

ШКОРПИЈА

Работа: Имате впечаток дека на работното поле работите не одат во добар тек и полека барате план „Б“.

Љубов: Во бракот можеби ќе имате некои проблеми. Пред вас е период во кој ќе се случуваат компликации и оддалечувања.

Здравје: Внимавајте на бубрезите.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Денешниот ден може да ви донесе проблеми на работното поле кои нема да успеете лесно да ги решите.

Љубов: Очекувајте интересна средба со личност кон која ќе почнете да имате силни чувства.

Здравје: Проблеми со притисокот.

ЈАРЕЦ

Работа: Пред вас е генерално добар ден и се оди како што сте очекувале и посакувале.

Љубов: Ве чека прилика да влезете во сериозна врска. Подоцна може да се надевате на брак.

Здравје: Чувствителни стопала и зглобови.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ќе успеете да ги остварите своите планови. Очекувајте дека денешниот ден ќе ви биде поволен за работа.

Љубов: Можно е да не сте сигурни во своите чувства и се оди кон тоа дека сакате да ја прекинете врската.

Здравје: Ќе ви годи прошетка.

РИБИ

Работа: Во текот на денешниот ден ќе имате компликации, но со помош на соработниците ќе успеете да најдете решение.

Љубов: Ве чека добар ден за љубов. Може да се надевате на средба со личност која ви значи.

Здравје: Добро.