понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Левичарот Стево и слоганот го украде

Левичарот Стево и слоганот го украде

Стево Пендаровски, кандидат за претседател на СДСМ и владејачката коалиција, во кампања оди со слоганот „Заедно напред“.

Слоганот е копија од парламентарните избори во Велика Британија на Конзервативната партија на Тереза Меј и Демократската Партија на Хилари Клинтон, која по изгубените претседателски избори за претседател на САД најави дека ќе создаде ново движење наречено „Заедно напред“ што ќе пропагира политичка ангажираност и ќе се спротивставува на активностите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Но, ако се земе во предвид дека овој слоган е веќе искористен во некои кампањи од страна на Хилари Клинтон и Тереза Меј, се појасно станува дека принципот на работа на СДСМ кој се базира на бледо копирање на начинот на работа од другите партии е се поочигледен, со што на дело се покажува безидејноста да создадат нешто реално и автентично за граѓаните на Република Македонија.

Но, ова не е прв таков пример, во 2016 година за време на предвремените парламентарни избори СДСМ и Зоран Заев го копираа слоганот „За живот во Македонија“ од српската партија Двери чиј слоган гласеше „За живот во Србија“.

Најнови вести