Според овие податоци, билансот на жртви во Мозамбик изнесува 446, во Зимбабве 259, а во Малави 56.
Идаи, проследен со силен ветер со брзина и до 170 километри на час и со поројни дождови кои предизвикаа поплави од катастрофални размери, пред 10 дена прво го погоди Мозамбик, потоа се прошири кон Зимбабве и Малави.
Министерот за заштита на животната средина на Мозамбик, Целсо Кореја изрази стравување дека сегашната бројка од 446 загинати нема да биде конечниот биланс на жртвите. Според него, можно е Идаи да усмртил и до 1.000 жители на Мозамбик.
Во моментов околу 110.000 жители на Мозамбик се сместени во кампови, поради тоа што нивните домови се поплавени или уништени во налетот на циклонот, а властите стравуваат од можна појава на заразни болести во поплавените реони, како маларија и колера. (МИА)