На 24.03.2019 во периодот од 12:00 до 17:00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола со која биле опфатени мотоциклисти.
При контролата вкупно биле откриени 37 прекршоци (ТЕ-24 и ГВ-13), од кои девет управување без дозвола (ТЕ-5 и ГВ-4), исто толку истечена регистрација (ТЕ-6 и ГВ-3), 11 мотоциклисти управувале без заштитена шлем (ТЕ-5 и ГВ-6), а 3(ТЕ) со истечена осигурителна полиса.
При контролата констатирани се и девет други видови прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-4 ). Откриените прекршоци биле заокружени со 35 прекршочни платни налози (ТЕ-22 и ГВ-13), со 15 исклучени од сообраќај (ТЕ-10 и ГВ-5), една писмена опомена (ТЕ) и шест покани за сообраќајна поука (ГВ).