вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манојловски: Планот за живот на власта не важи за Тетово

Манојловски: Планот за живот на власта не важи за Тетово

На денешната собраниска седница, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојловски, постави пратенички прашања до претставници на Владата на СДСМ, потсетувајќи ги дека ветувањата за живот во Тетово не им се исполнети.  Ветениот крак од железничката станица за Тетово за индустриската зона во Тетово, реконструкција на патниот правец Тетово-Гостивар, ветувањата за почист воздух во Тетово и тетовско исто така не им се исполнети, а не е исполнето ниту ветувањето за изградба на спортски објекти во Тетово.

Манојловски постави 3 конкретни прашања до министерот за здравство Венко Филипче,  заменик министерот за образование Петар Атанасов и до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој го запраша министерот Филипче зошто голема група на деца во Тетово не се вакцинирани и која е причината што не се вакцинираат, дали е поради недостатокот на вакцини или Тетово како регион е одбран да нема баш такви вакцини?

Манојловски го праша заменик министерот Петар Атанасов кога конечно ќе се реши проблемот со доизградбата на гимназијата „Филип Пејчиновиќ“ во Тетово.

Пратеникот Манојловски рече дека до него стигнал глас дека вработени во СВР Тетово, коишто без да им биде ништо најавено биле повикани и однесени на судска медицина во Скопје, притоа им биле одземени службените оружја, значките и биле, наводно, тестирани за присуство на наркотични дроги. Тој го праша министерот Спасовски дали и по кој критериум се избирани припадниците на МВР на коишто е правено ова испитување, бидејќи имало индиции дека повеќето биле полицајци коишто не биле блиски до актуелната власт без разлика дали се Македонци или Албанци или од друга националност.

Најнови вести