Оваа пресконференција е посветена на темата со пожарите. Тема којашто ја преокупира Македонија изминативе недели и месеци и ова се пораките коишто сака да ги упати ВМРО-ДПМНЕ. Господине Зоран Заев време е за оставки и разрешувања. Само во март како никогаш досега имаме повеќе од 500 пожари низ цела Македонија. Македонија гори, штетите се милионски и огромни, а никој не превзема одговорност. Господине Заев ова е доказ за вашата неспособност и неспособноста на вашите министри и градоначалници, изјави на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и додаде:
„Имаме ситуација кадешто буквално нема држава и затоа оние коишто палат се чувствуваат осоколени, охрабрени и сметаат дека можат да палат без последици. Нема држава затоашто ниту еден закон во Македонија за ништо не се почитува. Не се почитуваат било кој закони во Македонија. Немаме одговор од институциите. Во месец март, кога половина денови во месецот имаме дожд , кога сеуште има снег имаме 500 пожари како никогаш последните 100 години. Тоа е врна неспособност на инсититуциите. Што прави Зоран Заев? Нема дадена ниту една изјава за ова, нема свикана ниту еден кризен штаб, ги нема свикано и построено своите министри, затоа што не го интересира тоа. Оди во кампања се слика и дава изјава. Вози мотор во викенди, кафе во чаршијата во Охрид, а истовремено ја имаме најголемата криза последните сто години во месец парт со пожарите и никому ништо.“
-На министерот за земјоделие и шумарство, Николовски му изгореа илјадници хектари, го нема никаде да се појави. Имаме стотици и стотици подметувачи на пожари, а полицијата на Оливер Спасовски не поднесува кривични пријави. Можеби ќе направат една, две, три или пет да ја забошатат работата, но ние зборуваме овде за 500 пожари., посочи Ѓорчев и потенцираше:
„Тоа значи две работи. Прво дека оние кои што ги палат и подметнуваат пожарите се во дослух со власта за профити затоа што чувствуваат заштита затоа што чувствуваат дека нема држава дека едноставно има отсуство на реакција на државните институции. Имаме ситуациja каде што цели села се евакуираат како што беше село Саса во Македонска Каменица и никому ништо. Имаме ситуации каде што градоначалниците воопшти не се ангажираат околу ова . Што направи привремениот градоначалник на Охрид од СДСМ за актуелните пожари буквалн ништо, што направи градоначалникот од СДСМ на Ресен каде штоп национални паркови горат ,каде што илјадници животни буквално горат, ги видовте фотографиите какви се и како изгледаат. Пожари во Малешевиијата, пожари во скопско . Што прави Петре Шилегов освен што се вози на тротинет . Имаме пожари во тетовско пожари во гостиварско и никому ништо.“
Пратеникот упати апел да се третира оваа тема, затоа што внимавајте зборуваме за 500 пожари во Македонија во месец Март тоа значи дека нема држава дека секој пали што сака и како сака, а ја нема државата.
-Ако горат автомобили како никогаш досега последниве 30 години тоа значи дека нема држава и дека криминалците се осоколени. Зошто? Затоа што се уортачени со власта и затоа што се заштитени. Ако имаме ситуација каде што во мораториуми се градат десетици и стотици згради, тогаш имаме проблем во државата. Ако имаме ситуација каде што секаде расте марихуана, а половина од таа марихуана се извезува и се продава под рака низ градовите на младината да државата има проблем, изјави тој.
Според Ѓорчев ни еден закон за ништо не се почитува во Македонија, нема држава никогаш не било вака и тоа, тоа го чувствуваат оние кои што ги палат пожарите.
“Имате 500 пожари во месец Март, тоа не е ништо помалку од колку државно фијаско. Дебакл на институциите. Милионски штети. Внимавајте сега да се гасат пожарите треба да се креваат цели авиони , цистерни да се ангажира армијата тоа чини милиони и милиони, а сето тоа можело да се превенира со будност. Сето тоа можело да се превенира, значи не е ова прв пат да имаме месец Март во историјата на Македонија. Не секоја година имаме и Март и Април и Ма,ј па сме немале вакви ситуации. Ова е дебакл на институциите затоа што имаме неспособност и некомпетентност како никогаш, никогаш, никогаш досега.“
-Затоа што може да се ставаат и платформи и градби и привремени градби и никому ништо затоа што може да се тепаат полицајци и полицајки, а да се вели дека се удриле во пајак и така натаму. Таа Македонија е Македонија на Зоран Заев тоа е тој заевизам во кој што живееме. Ова е тотален дебакал на државните институции. 500 пожари во март во коишто изгореа илјадници хектари е катасрофа. Катастрофа за којашто Зоран Заев како премиер една реченица нема кажано, една реченица нема кажано министерот за земјоделство и шумарство, половина шуми му изгореа, една реченица нема кажано, еден ангажман нема направено министерот за внатрешни работи и цела нивна администрација по хоризонтала и вертикала, посочи Ѓорчев и заклучи:
„На градоначалниците им изгореа општините, им изгореа цели планини, тие ги игнорираа ова. Цела Македонија гори, ајде да направат кризен штаб, ајде малку да се ангажираат себе си, ајде да не им завршува денот во 1 или 2, па да ги гледаме по улица Македонија по кафиња. Нека земат нека си ја сработат работат, жал и греота е да се гледаат илјадници изгорени животни по националните паркови, а уште недошла жешката и летната сезона. Што ќе биде тогаш? Ќе изгори Македонија. Ова е катастрофа што ни се случува.“