Економскиот директор на Универзитетската клиника за гинекологија, Валон Бела, од денес има печат на албански јазик. Тој во својот профил на Фејсбук вели дека и Клиниката за гинекологија започна спроведување на двојазичноста.
– Започна имплементацијата на двојазичноста како резултат на донесувањето на Законот за јазици.
Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство сега веќе става печати и на албански јазик.
Честистки. Честитки.
# Продолжуваме_Работиме, стои на Фејсбук статусот на Бела.
Инаку минатата ноќ на владината зграда, беше поставена табела со новото име, Република Северна Македонија и на албански јазик.