петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уапсен Иво Санадер

Уапсен Иво Санадер

Полицијата влезе во куќата на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер на улицата Козарчева во Загреб по околу 16 часа откако од окружниот суд на Загреб доби налог за апсење на екс-претседателот на ХДЗ.

Санадер, кој беше осуден од Врховниот суд во случајот Планинска е спроведен во истражен затвор. Од полицијата велат дека спроведувањето е “е во процес на постапување со цел да се изврши судскиот налог”.

Иво Санадер беше изнесен од неговата куќа во автомобил кој го одведе во притворот Реметинец.

Иво Санадер доби решение за притвор откако беше измената првостепената пресуда и беше изречена затворска казна повеќе од пет години, потврди портпаролот на окружниот суд во Загреб, Крешимир Девчиќ.

“Ова автоматски е задолжителен притвор”, рече Девчиќ.

Одлуката за истражен затвор беше донесена до окружниот суд, кој веднаш издаде наредба за спроведување и ја достави до полицијата.