Ви благодарам што се одваживте, во ова време и невреме, слично на 1949-та, кое изобилува со притисоци, закани и уцени, наоѓате храброст да бидете со нас, да му пркосите на Заевизмот и на семејниот градоначалник овде во Демир Хисар, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од митингот во оваа општина.
-Почнавме пред 5 дена од Охрид. Огромна енергија е распослана ширум Македонија. Огромна енергија во насока на поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова. Истото го чувствувам и овде во Демир Хисар. Народот препозна што е вистинска коалиција. Народот ја препозна, ја одобри, ја верификуваше и се придружи на најголемата политичка коалиција во современа Македонија, а тоа е коалицијата околу името на професорката Гордана Силјановска Давкова. А не онаа коалиција во мафијашки стил која во еден скап скопски хотел на деспотски начин, акламативно, по желба на деспотот Заев, го избра Стево Пендаровски за кандидат, истакна Мицкоски.
Тој посочи дека изборот на овие претседателски избори е јасен.
– Ако сме, а сме, против Заевизмот, тогаш јасно е кој е нашиот избор на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај, тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова. А тие, од семејството, кои управуваат тука со општината и тие од другото семејство кои му се лути на ова, а управуваат од државните институции, тие се знае кого поддржуваат-завидлизмот. Да им порачаме едно „уаа“, посочи Мицкоски.
Овие избори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, не се само претседателски избори.
-Со овие избори, браќа и сестри, ние ќе ја отвориме вратата за предвремени парламентарни избори. Не затоа што му веруваме на Зоран Заев туку затоа што веднаш откако ќе ја сочуваме и одбраниме честитоста на институцијата претседател на Република Македонија и ќе победи професорката Силјановска Давкова, ние нема надвор од улиците да бидеме, на улица додека не си го исполни даденото ветување. Тоа е да распише предвремени парламентарни избори, порача Мицкоски.