понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Неправда е кога Заев од опозиција ветува студентски град, а студентите живеат во супстандардни услови и руинирани домови

Мицкоски: Неправда е кога Заев од опозиција ветува студентски град, а студентите живеат во супстандардни услови и руинирани домови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг во Демир Хисар се обрати пред граѓаните и порача дека овие избори не се само претседателски избори туку почеток на крајот на заевизмот и неговото криминално владеење.

-Овие избори не се само претседателски избори, со овие избори браќа и сестри, драги мои ние ќе ја отвориме вратата за предвремени парламентарни избори. Не затоа што му веруваме на Зоран Заев туку затоа што веднаш откако ќе ја зачуваме и одбраниме честитоста на институцијата претседател на Република Македонија и ќе победи професорката Гордана Силјановска Давкова, вели Мицкоски.

Тој истакна дека владата на СДСМ и Заев во опозиција им ветувале многу проекти и мерки на граѓаните, но сега од позиција не исполниле ништо, односно како што нагласи тој неправдите ги има од најмладите до највозрасните. Посебен акцент стави на младите во Република Македонија, потенцирајќи дека Заев им ветувал младинска гаранција и поквалитетно образование, но и тие биле изманипулирани и излажани при што младите биле принудени да си одат од државата.

-Неправда е кога како опозиционер ќе има ветувате на младите, младинска гаранција, реновирани студентски домови, студентски град, поквалитетно образование, а денеска студентите живеат во супстандардни услови и во оние руинирани студентски домови.  Неправда е кога велите дека ќе донесете домашни и странски инвеститори, а ги полниме фабриките по Западна Европа, Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија со инжинери од Македонија. Пет од мои десет дипломци одлучуваат да ја напуштат Македонија. Тоа е неправда, додаде претседателот Мицкоски.

На крај Мицкоски побара поддршка за кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, посочувајќи дека повторно ќе изгрее зората на слободата и ќе донесе правда во Република Македонија.

 

Најнови вести