Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Струмица ги замоли граѓаните сите заедно да и` оддадат почит со едноминутно молчење на починатата актерка и поранешна градоначалничка на општина Кисела Водa, Билјана Беличанец Алексиќ.
Претходно, Мицкоски побара молк од една минута и на митингот на партијата во Радовиш.
-Згасна еден човечки живот, прекрасната глумица, Билјана Беличанец, замина од овој свет. Беше исклучителна личност и исклучителен градоначаник, претседател на градскиот комитет на УЖ ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски во Радовиш.