На својата акредитација како претставник од македонското Собрание на конференцијата во Советот на Европа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ја пречкртал „Северна“ од името на државата.
-Македонија е името на народната воља, согласно референдумите од 1991 и 2018 година!
Искористи ја за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец!, напиша Милошоски на Фејсбук.