вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сведоштво на затвореничка од Идризово: Го убив сопругот бидејќи не ми дозволуваше да работам

Сведоштво на затвореничка од Идризово: Го убив сопругот бидејќи не ми дозволуваше да работам

Во најголемиот затвор во државава, “Идризово”, деновиве врие како во кошница. Напнато е од двете страни на затворската капија. Додека управата се труди да ги испочитува последните тајминзи што им ги диктира новодонесениот Закон за амнестија, затворениците ги одбројуваат последните часови, ако не и минути, со желба што побргу да го напуштат затворското сивило и да го почувствуваат она исконското, слободата за која сонувале додека биле во затворските ќелии, пишува дневниот весник Вечер.

Таму разговарале со затвореничка од кочанско која е осудена за убиство на сопругот. Таа е дипломиран инженер геолог, но никогаш не била вработена. После 20 години чекање и се укажало можност да се вработи во Скопје. Но, кога за тоа разбрал нејзиниот сопруг настанала жестока расправија, при што го убила во афект и не се сеќава како се случил настанот.

Во Идризово е 4 години и свесна е дека не ја опфаќа новиот закон вели:

– Тоа најтешко ми паѓа, оти сум отфрлена и од тоа. Имам 21 месец до крај. Сакам да си одам дома. Овде е пеколно. Позитивен човек нема. Нема со кого да си споделиш ни добро ни зло. Но она што најмногу ми смета е тоа што се пуши во собата. Внатре моментно сме четири жени. Замислете кога сите ќе запалат цигари. Постојано се жалам до затворската управа да ме стават во посебна соба со жени кои не пушат или, пак, сама. Но, никој овде не те смета за човек, изјавила затвореничката меѓу другото.

Најнови вести