петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Шок на венчавка: Младоженецот уапсен, а невестата веќе била мажена (ВИДЕО)

Шок на венчавка: Младоженецот уапсен, а невестата веќе била мажена (ВИДЕО)

Минатиот петок полицијата прекинала венчавка во Австрија. Го уапсиле младоженецот. Сузане Б. (29) во Салзбург требало да се омажи за момче (32) од Гамбија. Но, тој во Австрија бил илегално па завршил во притвор.

Освен тоа, бргу се дознало и дека невестата е веќе мажена. Девојката на 7-ми јануари 2016-та година се омажила во Нигерија. Парот има два сина стари 2 и 4 години. Веќе во ноември 2016-та година мажот од Нигерија ја оставил Сузане бидејќи „ја фатил“ со љубовникот од Гамбија.

Мажот потоа го обвинил љубовникот дека ги злоставувал синовите. Сузана возвратила со противтужба и мажот го обвинила за клевета. Парот требало да се разведе во 2018-та година, но Сузане не го минала задолжителното советување.

Сузане сега ја теретат за бигамија, а градските власти би можеле да ја обвинат дека се обидела да ги измами бидејќи им го скрила бракот.

Сузане за ОЕ24 рекла дека не знаела дека е во брак.

„Мислев дека според австриските закони бракот од Нигерија не вреди. Тоа повеќе беше церемонија за неговите родители. Тоа не беше вистинска венчавка. Не добив никакви службени документи од венчавката. Зарем навистина мислите дека би се мажела ако знаев дека сум во брак?“, рекла Сузане.