понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Радевски до Коцевски: Од каде ви е легитимитетот како нивни градоначалник да спроведете одлука која е против волјата на мнозинството на граѓани?

Радевски до Коцевски: Од каде ви е легитимитетот како нивни градоначалник да спроведете одлука која е против волјата на мнозинството на граѓани?

Повторно сме измамени, изманипулирани и излажани од страна на нашиот градоначалник, господинот Аце Коцевски заедно со мнозинство на советници од СДС. Повторно велешани се соочуваат со црното владеење на нашиот градоначалник, повторно ќе ја почувсвуваат неговата незаинтересираност за потребите на Велешани. Имено, на 32-та седница на општина Велес одржана на ден 11.04.2019 година, мнозинството на советот на општина Велес повторно ја погази волјата која ја искажаа велешани на референдумот, и официјално донесе одлука за измена и дополнување на Статутот на општина Велес, додавајќи го зборот Република Северна Македонија, изјави на прес конференција Славчо Радевски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес кој додаде:

„Граѓаните на општина Велес господине Коцевски односно само 30 % од нив искажаа став за промена на името, а останатите односно 70% не ја дадоа својата поддршка за тоа. Од каде ви е легитимитетот како нивни градоначалник да спроведете одлука која е против волјата на мнозинството на граѓани?
Наместо пред велешани да излезете со реализирани проекти кои ги ветувавте во својата програма, наместо да се борите Велес да стане подобро место за живеење за сите, ние наместо тоа сме сведоци на едно погубно владеење со носење на едни погубни одлуки спротивни од волјата на мнозинството граѓани.“

-Со таа одлука на мнозинските гласови на Советот на општина Велес предводени од Аце Коцевски, Велес е меѓу првите општини кои направија суштински промени во нивните статути и од сега официјална комуникација ќе се одвива со терминот Република Северна Македонија. Истата оваа процедура за промена на името ја немаат направено ниту голем број на установи под централна власт ниту пак општините низ Македонија. Но, Коцевски побрза да биде меѓу првите. Наместо да биде меѓу првите во број на реализирани проекти, тој побрза да биде рамо до рамо со премиерот Зоран Заев, подвлече Радевски.

Според Радевски велешани, јасно и недвосмислено ја искажале својата волја на референдумот за промена на уставното име, тој став од мнозинството на граѓани беше кристално јасен и беше против промена на уставното име Република Македонија.

-Меѓутоа, тоа на вас не ви значи многу како што не ви значат ветените проекти, кои немаат Р од реализација, наместо тоа велешани добиваат една политика полна со лаги, празни ветувања и менување на статутот на Општина Велес. Почитувани Велешани, такво е владеењето на Коцевски и мнозинството на советници во советот на општина Велес, не дозволувајте повторно да бидете изманипулирани и излажани и на овие избори. Овие избори ќе бидат пресудни дали повторно Велес ќе биде општина во Република Македонија или засекогаш ке остане град во Република Северна Македонија, потенцираше Радевски.