четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски до оние кои заговараат бојкот на изборите: Гласајте поради себе и своите семејства, гласајте поради Македонија

Мицкоски до оние кои заговараат бојкот на изборите: Гласајте поради себе и своите семејства, гласајте поради Македонија

На вечерашниот масовен митинг на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата Христијан Мицкоски им се обрати на граѓаните.

Тој испрати посебна порака на оние кои сакаат да ги бојкотираат изборите.

-Сакам да се обратам до оние кои цврсто заговараат бојкот, а кои сепак во своите срца ја носат идејата за Македонија. Ние сме браќа и сестри по нашата кауза, и знам дека имате 1000 причини да бидете разочарани, повлечени, бесни, и не велам дека за се не сте во право, но ви се обраќам искрено, без ракавици, во име на организацијата со историско име и завет ВМРО, имате една причина зошто морате да излезете, таа се вика Македонија. Бојкотот на овие избори знаете дека му помага само на Заев, и тој потајно тоа го посакува и на тоа се надева, и на тоа работи. Некогаш треба да се биде молчалив и да се чека прилика кога треба да се биде гласен, ова е твое време. Сега треба да се биде гласен. Дојдете во нашето семејство, затоа што со нас имате многу повеќе заеднички работи, отколку со оваа однародена власт. Бесот нека не ви биде поголем од љубовта кон татковината, која знам дека длабоко во срцето ја имате. Дојдете заеднички да се бориме против ова зло.  Излезете и гласајте, не барам да гласате поради мене или ВМРО-ДПМНЕ, гласајте поради себе и своите семејства. Гласајте поради Македонија, рече тој.

Најнови вести