Откако беше одлучено каратето да има кратка олимписка кариера односно да биде дел само од Олимписките игри во Токио, Светската Карате Федерација покрена иницијатива каратето да остане на листата олимписки спортови и на Олимпијадата во Париз која ќе се одржи во 2024-та година.
Меѓу иницијаторите на оваа кампања е и европскиот шампион, македонецот Емил Павлов.
Курир дава поддршка на иницијативата на Светската Карате Федерација, каратето да биде олимписки спорт.
Иницијативата продолжува!
Европскиот шампион Емил Павлов и поранешниот боксерски олимписки шампион Маријан Касприк од Полска се меѓу стотиците ентузијасти што го прават предизвикот # TsukiForKarate2024 за да се побара вклучување на каратето на олимпијадата во Париз 2024.
КАРАТЕ ОЛИМПИСКИ СПОРТ!, стои во објавата на Фејсбук на Светската Карате Федерација.