недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Студентка го загуби животот поради желба за добра фотографија

Студентка го загуби животот поради желба за добра фотографија

22-годишна студентка од Универзитетот Фордхајм од Њујорк го загуби животот откако падна од врвот на универзитетската зграда, висока околу 12 метри, пишува The Sun.

Таа била пренесена во болница во многу тешка состојба, но починала. Британските медиуми пишуваат дека девојката најверојатно учествувала во предизвик што го практикуваат студентите кои дипломираат, да направат најсмела фотографија за социјалните мрежи.

Но, девојката изгледа дека се лизнала и паднала, а од тешките повреди почина во болница. Универзитетот испрати писмо до родителите, во кое ги известува дека им подлегнала на повредите.

„Со голема тага ве известуваме дека Сидни Пејџ Монфрајс почина по пад од врвот на зградата на Универзитетот“, наведува во писмото Џозеф Мекшејн.

Универзитетот постхумно ќе ѝ додели диплома на настраданата девојка. Властите истражуваат како девојката влегла на врвот на објектот, станува збор за саат-кула, кој вообичаено е затворен.