четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Милошевски: Туризмот е заштитен знак и извор за професионални вработувања

Милошевски: Туризмот е заштитен знак и извор за професионални вработувања

Туризмот е заштитен знак и извор за професионални вработувања. Во програмата имам и дел за отварање можности за нови вработувања во туризмот, што, пак, е опфатено со повеќе проекти како формирање на претприемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица, субвенции за вработени во туризмот,изработка на студија за мапирање на стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, формирање на локален економски совет.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид. 

КУРИР: Охрид е позната туристичка дестинација, го посетуваат многу турсти. Но, секогаш се отвора прашањето за стратегија во туризмот. Што ќе правите вие?

Милошевски: Туризмот има голем потенцијал за понатамошен напредок и развој во сите негови сегменти и заради тоа сметам дека дефинирањето на насоките, целите и задачите е од основна важност за развој на нашит град.Подготвена е сеопфатна стратегија со која јасно и прецизно се дава одговор на три значајни прашања. Прво, каков треба да биде туризмот? Или треба брендирање, целогодишен-продолжување на сезоната, развиен на цела територија, разновиден, иновативен и прилагодлив спрема преференциите на туристите. Второ, кои се клучните предуслови за развој на туризмот? Сметам дека треба долгорочна заштита на просторот и одржливо управување со екосистемот, конкурентност и атрактивност за инвестиции, активирање на државниот имот со цел туристички развој, зголемување на знаењата и вештините на сите нивоа, дестинациско управување. Трето, и полседно со што туризмот ќе ја привлекува побарувачката? Потребна е гостољубивост, квалитет, автентичност, разновидност на содржини и доживувања, сигурност-безбедност.

 КУРИР: Оттука, како каков туристички центар го гледате Охрид?

Милошевски: Охрид го гледам како туристички центар со средена инфраструктура и како центар кој од година во година привлекува нови туристи и освојува нови туристички пазари. Ние не сакаме Охрид да тапка во место, ние сакаме Охрид секој ден да се движи кон нови пазари, да вработува нови луѓе, да ја збогатува туристичката понуда, да станува сè поконкурентна туристичка дестинација која создава нови мотиви за доаѓање на странски и домашни туристи, не само во летните месеци, туку и во текот на целата година.

За таа цел, цврсто сме решени со сеопфатната долгогодишна стратегија, изготвена од врвни експерти од Факултетот за туризам и угостителство кои имаат капацитет детално тоа да го обработаат и Охрид да го подготват за 21 век.

 КУРИР: Првите денови од кампањата имавте средба со туристичките работници. На што ставивте акцент во разговорот?

Милошевски: Целта на средбата со туристичките работници беше да се поразговара за она што во минатото било успешен проект, а истовремено и да се чујат предлози што во иднина би ја зголемиле и подобриле туристичката понуда на Охрид. Акцентот беше ставен на тоа кој новитет ние, како идна Локална власт во Охрид можеме да го понудиме, а што ќе додаде вредност во процесот на привлекување туристи, зголемување на квалитетниот туризам во градот, но и во земјата во целост.

 КУРИР: Што бараат тие од вас, што може да се реализира?

Милошевски: Туристичките работници се фокусирани и бараат изнаоѓање на начини за забрзување на процесот на интензивирање на протокот на туристи во градот, изнаоѓање на начини за продолжување на туристичката сезона, развој на инфраструктурата, чистотата и уредноста на градот како важни фактори за успешноста на севкупната туристичка понуда на градот, изнаоѓање на начини за привлекување на инвестиции во туризмот, преземање мерки за намалување на сивата економија во туризмот, итн.

Со цврста волја и со континуирана работа, нема нешто што не би можело да се реализира.

 КУРИР: На што друго ќе ставите акцент доколку бидете избран за градоначалник?

Милошевски: Доколку бидам избран за градоначалник, сите проекти коишто се презентирани во Програмата ќе бидат ставени во функција на унапредувањето и подобрувањето на туризмот. Акцентот ќе биде ставен на следните приоритетни цели: зголемување на достапноста до градските услуги и туристичката понуда на градот, која е предвидена со проектите за: воведување на беспалтен бежичен интернет на најпосетуваните локации во градот, отворање на туристичко биро во рамките на ТЛЕР кое ќе функционира како туристичко-инфомративен центар, Е-Охрид.

Тука е и промоција на туристичките потенцијали на Охрид и збогатување на туристичката понуда во насока на привлекување поголем број туристи, што е опфатено со проектите за: перманентна промоција на туристичкиот потенцијал на Охрид преку директни промоции во повеќе градови, продолжување на проектите кои покажаа добри резултати во изминатите години, како што е традиципналното одржување на туристичката „промотивна тура“,поставување рекламни билборди со фотографии од стар Охрид, фестивал Ohrid Calling, набавка на мултифункционална бина со озвучување и осветлување. Ќе ставам акцент и на безбеден туризам.

 КУРИР: Велите ќе ставите акцент на безбеден туризам. Како?

Милошевски: Планирам воведување на видео надзор на јавни површини и објекти од јавен карактер и интерес, набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крајбрежје.

 КУРИР: Акцентот ваш и воопшто кога станува збор за Охрид е туризмот, оттука ќе има ли нови вработувања во туризмот?

Милошевски: Во програмата имам и дел за отварање можности за нови вработувања во туризмот, што, пак, е опфатено со следните проекти: формирање на претприемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица;субвенционирање на граѓани со над 50 години при самовработување во сицијални акивности, субвенции за вработени во туризмот, изработка на студија за мапирање на стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, формирање на локален економски совет.

Она и што постајно го повторувам е развој на сите видови туризам и продолжување на туристичката сезона, што ќе се постигне преку: поддршка на туризмот преку конгреси, семинари за развој на конгресниот, здравствениот, културниот, верскиот, спортскиот и сите видови туризам, промени во оданочувањето; субвенции за вработени во туризмот, намалување на комуналните такси за закуп на угостителска опрема и простор во месеците надвор од туристичката сезона.