Неверојатна ситуација се случила со брачен пар од Шпанија, Марсела и Магди Фаљардо кои одлучиле да се искачат на врвот од планианта Монтсени, а сето тоа, сосема случајно, е забележано со видео снимка.
Имено, кога започнале да се качуваат времето било ведро, но подоцна се влошило и започнало невреме.
Сепак, тие одлучиле да успеат да стигнат до врвот на планината.
Додека Магда позирала Марсел одлучил да ја сними целата сцена не помислувајќи што ќе се случи само неколку секунди подоцна иако нешто претходно поради бурата се пошегувал дека ќе умре.
На снимката јасно се гледа како маж ја свртува камерата од својата сопруга, а тогаш се слуша застрашувачки звук и тој паѓа на земја. Не им било јасно што се случило, иако Марсел подоцна рекол дека почувстувал мирис на запалено, но кога дома ја пуштиле снимката виделе дека гром удрил крај нив.
-За среќа, тие не се повредени, а членовите на нивното семејство подоцна се шегувале дека парот е толку среќен што треба да се испроба во игрите на среќа, пишува Мирор.