вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Милошевски: Во програмата за убав град приоритет ќе ми биде изградбата на катни гаражи

Милошевски: Во програмата за убав град приоритет ќе ми биде изградбата на катни гаражи

Кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски на тв дебата на МРТВ истакна дека во својата програма за убав град еден од главните проекти е изградба на катни гаражи кои во целина ќе го решат проблемот со паркингот особено во централното градско подрачје, која што ќе му биде приоритет.

Тој со сигурност тврди дека до завршувањето на својот мандат во Охрид ќе има две катни гаражи. За реконструкција на кејот која исто така се предвидува ќе има  и соодветен паркинг простор и за пловните објекти.

-Факт е дека економијата и туризмот одат заедно и тие две работи не можат да бидат раздвоени. Во нашата програма за убав град имаме предвидено формирање на стратегија и изготвување на стратегија за локален развој чија цена 600 илјади денари во која јасно ќе се дефинираат стратешките региони . Ќе бараме симетричност во развојот, за жал до сега имаме асиметричност во развој  на туризмот, а имаме толку убави села за развој на туризмот,каде има извонредни услови за локален економски развој, вели Милошевски.

Тој исто така истакна дека градот Охрид е град на Унеско само на пикирани места за гласачите, на места каде нема интерес за гласачи не се прави ништо, тоа не е плански и не е во ред.

Посочи дека власта треба да овозможи фер и демократски избори, и дека ветувала во своите изборни програми изградба на катни гаражи и марина, а од тоа сеуште нема ништо, вели Митре Милошевски.