среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Акција за собирање на кабаст отпад во Општина Аеродром

Акција за собирање на кабаст отпад во Општина Аеродром

Од денеска до 24 април Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ ќе реализираат акција за собирање кабаст отпад на повеќе локации низ општината.

Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да го остават кабастиот отпад пред своите домови доколку живеат во куќа, или до најблискиот контејнер, по што екипите ќе го соберат отпадот.