Холивудската актерка Шарлиз Терон (43), која посвои две деца, ќерката Аугуста и синот Џексон, откри дека седумгодишниот Џексон го воспитува како девојче.
Таа откри дека кога имал три години Џексон ѝ кажал дека не се чувствува како момче, па сега таа подига две убави ќерки.
„Ете! И jaс мислев дека е момче. Сè додека не ме погледна на тригодишна возраст и ми рече: ‘Јас не сум момче!’” изјави актерката за „Дејли мејл“.
Таа истакна дека нема да се меша во животот на својата ќерка бидејќи се „најде” себеси.
„Како родител, мојата работа е да прославувам со нив, да ги сакам и да им дадам сè што им треба за да бидат она што сакаат да бидат”, рече таа и продолжи:
„Јас ќе сторам сé што е во моја моќ за да децата ги имаат правата што им припаѓаат.
Светот шокиран: Ќерката на Анџелина Џоли ќе стане момче
Ќерката на Анџелина Џоли, Шајло уште од мала претпочита да носи машки фризура, панталони и темна облека.
Првата ќерка на актерката сега има 12 години и желбата да изгледа како момче, се чини, не е само фаза.
Според американските медиуми, девојчето е веќе во процесот за промена на полот.
Терапијата со хормони и придружните третмани се на трошок на Џоли, а Бред Пит и неговото семејството, наводно, не се согласуваат со тоа.