Заедно со претседателските избори денеска се одржуваат и предвремени локални избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар.
До 13 часот, излезноста во Охрид е 26,27%. Гласале 13.708 охриѓани.
Во Ново Село гласале 2.404 лица, што претставува 21,27% излезност.
Во Дебар, заинтересираноста за гласање е помала. До 13 часот таа изнесува 17,57% од гласачите.