среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уапсен таткото на бомбашите од Шри Ланка, знаел дека неговите синови ќе изведат напад

Уапсен таткото на бомбашите од Шри Ланка, знаел дека неговите синови ќе изведат напад

Според најновите информации, полицијата смета дека таткото на двајцата бомбаши самоубијци кои учествувале во крвавите напади во Шри Ланка им помогал во организацијата на нападот.

За време на страшниот терористички напад изведен од страна на радикални исламисти за време на католички Велигден, загинаа најмалку 359 лица, а стотици беа ранети.

Полицијата деновиве го уапси Мухамед Јусуф Ибрахим после нападите во хотелите и црквите во оваа земја. Тамошните власти го уапсиле откако било утврдено дека неговите двајца синови, Ахмед Ибрахим и Илхам Ахмед брахим се разнеле во бомбашките напади.

Портпаролот на тамошната полиција за „Си-Ен-Ен“ изјавил дека нивниот татко сега е во притвор затоа што постои сомнение дека им помагал и ги поттикнувал своите синови да ги извршат терористичките напади. Тој додал дека полицијата уапсила и уште неколку членови на нивното семејство.