Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во Ново Село.
-Победничко Ново Село, очекуваме на 5 мај победата којашто беше во првиот круг да биде уште поголема, ВМРО-ДПМНЕ да добие градоначалник, Гордана Силјановска Давкова идниот претседател практично да ја потврди победата којашто беше исто така во првиот круг изразена, истакна тој.
Мицкоски порача дека власта предводена од Зоран Заев и СДСМ е делигитимирана.
-После поразот во првиот круг во 47 општини во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и идниот претседател Гордана Силјановска Давкова со освоени 42, 5 % од гласовите ја потврди доминацијата уште еднаш како најголема политичка партија, партија којашто обединува најголем број граѓани во Република Македонија. Продолжуваме со несмален интензитет со нашите активности ширум Македонија. Денеска овде сме како што кажав цел ден во Ново Село, попладне продолжуваме во Гевгелија, а вечер се враќаме во Скопје и така се доконечен триумф на 5 мај. Ги повикувам граѓаните на Република Македонија да излезат што е можно помасовно во вториот круг, да дадат поддршка за идниот претседател Гордана Силјановска Давкова. Жителите на Ново Село се обединиети околу името на Николчо. Николчо е иден градоначалник во Ново Село, во тоа сме сите сигурни и убедени такашто очекуваме еден голем триум, двоен триумф овдека во Ново Село на 5 мај и Македонија да ја добие првата жена за претседател на републиката исто така на 5 мај, истакна тој.