понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Милошевски: Заштитата и промоцијата на културните особености се наша стратегиска заложба

Милошевски: Заштитата и промоцијата на културните особености се наша стратегиска заложба

Заштитата и промоцијата на културните особености и цивилизациските вредности кои оставиле трага на просторот на градот Охрид се наша стратегиска заложба, истакнува кандидатот за градоначалник на Охрид, Митре Милошевски.

-Со програмата За убав град нашата цел е нов концепт за развој и промоција на туристичкиот развој на Охрид преку унапредување на културниот амбиент во градот и збогатување на културната понуда за граѓаните и туристите. Унапредување на културата на припадниците на етничките заедници. Плоштадот тука кај Долна Порта да биде плоштад на културата, редот кој мора да се воведе ќе помогне да се избегне панаѓурскиот изглед на Охрид во туристичката сезона.
За убав град Охрид мора да добие Летно кино, истакнува тој.

Милошевски порачува: За убав град обнова на фасадите и илуминација на куќи со иста архитектура. За убав град специјално осветлување на верските, културните и историските објекти и знаменитости оплеменување на јавните површини во нивната околина.

-За убав град проект типизирани тезги. Улогата на туризмот во развојот на туризмот е голема зато заложбата ќе биде максимална за развој и промоција на културниот, езерскиот, спортскиот, алтернативнииот туризма но и на најразличните видови туриза, рече тој.

Тој најави и одржување на туристичката „Промотивна Тура“.