Дозволете ми да го честитам Меѓународниот ден на трудот 1 мај на сите кои со својот труд, ангажман, лична заложба и сила обезбедуваат егзистенција за себе и за своите семејства, на сите работни луѓе кои со своите раце креираат додадена вредност за себе и за нашата држава, ова денеска преку соопштение го порала лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Без работникот нема економија. Затоа работникот треба да биде почитуван, вреднуван. Но тоа сега не е така. Работникот во Македонија е потиштен, тој трпи неправди, притисоци, закани. Неговиот труд најчесто не е платен, а маката и неправдите стануваат се поголеми. Ги нема ниту 500-те евра плата кои Власта ги ветуваше, ниту 100.000 денари плата за лекарите, ниту повратот на ДДВ кој требаше да оствари заштеда за 13-та плата. Нема ништо од тоа што ветуваа, а ветуваа многу. Оваа состојба мора да се смени. Мора да се избориме за подобри услови за работниците, за поголеми плати, за враќање на почитта за работникот во општеството. За вистинска пазарна економија која ќе креира повисоки плати, работа за невработените. Промените почнуваат од нас самите. Да бидеме промената која што сакаме да ја видиме во земјата. Да се спротивставиме на сите лоши политики и да се избориме за подобро. Достоинствено да се избориме за она што не следува. Работникот мора да биде вреднуван како што му прилега и како што заслужува, стои во честитката на Мицкоски.