сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Родители, ова е најлошата реченица која може да му ја кажете на вашето дете

Родители, ова е најлошата реченица која може да му ја кажете на вашето дете

Недостатокот на сочувствителност кон другите луѓе може да биде голема кочница за здравиот развој на децата. Диспозицијата за емпатија често е вродена, но таквото однесување се учи во животот. Тоа многу зависи од околината, а највеќе го учиме од своите родители.

Резултатите на едно истражување покажале дека од 1200 испитаници, дури 65% од ни реагираат на многу ситуации без емпатија. Во рамки на ова истражување, испитаниците имале задача да прегледаат фотографии на насмеани луѓе, но и луѓе со тажен и загрижен израз на лицето.  На фотографиите тие можеле да видат мигранти, при што како што покажуваат податоците, најголем дел од луѓето биле студени и без чувства.

Тие објасниле дека така им било најлесно, бидејќи емпатијата бара ментален напор, а тие не сакале да го прават тоа. Исто така, посочиле дека често на своите деца им велат дека тие  не треба да водат грижа за другите луѓе, бидејќи живееме во свет каде никому не му е грижа еден за друг.

Многу психолози истакнуваат дека иако можеби светот во кој живееме е постуден и посуров од порано, дека сепак ние самите сме тие кои го креираме таквиот свет. Исто така, тие дополнуваат дека кажувајќи им такви реченици на нашите деца, наместо да изградиме деца со здраво однесување и емоции, ние градиме личности кои стануваат себични и воопшто не се грижат за другите.

Емпатијата ни помага да се поврземе со другите луѓе, и претставува клуч за подобрување на односите со другите луѓе. Кога некој се однесува лошо кон вас, треба да размислите што се крие позади тоа, што крие таа личност. Пробајте да замислите дал таа личност е научена да биде таква како дета и пробајте да се ставите во нејзина улога. Таа личност не  е победник во животот, поради тоа што е таква, вие сте, поради емоциите кои ги имате во себе.

Научете ги своите деца на овие зборови и помогнете им да станат добри и здрави личности.

„Што ти е грижа за другите, ти гледај само за себе˝ е најлошата реченица која можете да му ја кажете на своето дете.