сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски губи контрола: Го навреди и Жозеф Дол

Пендаровски губи контрола: Го навреди и Жозеф Дол

На вечерашната дебата помеѓу кандидатите за претседател на државата на едно од прашањата од публиката, кандидатот за претседател од редовите на СДСМ Стево Пендаровски видно нервозен почна да го навредува и Претседателот на Европската Народна Партија, Жосеф Дол.

На прашањето од публиката која ќе биде правата држава која што ќе ја посетат кандидатите, кандидатот подржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова одговори дека најпрвин би отишла во Брисел да му се заблагодари на Жозеф Дол за поддршката  дадена за неа и за ВМРО-ДПМНЕ.

На ова Пендаровски иронично и реплицираше: Тој истиот Дол кој снимаше спотови во серија години и години за Никола Груевски…

Со ова, Пендаровски покажа непочитување на претседателот на Европската Народна Партија и директно го навреди Дол.

 

Најнови вести