Истрагата откри нови детали за возачот кој ја предизвика несреќата во која животот го загубија кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ и музичарот Мирсад Кериќ
Турчинот Алсин Левент (35) кој ја предизвика сообраќајната несреќа се уште се наоѓа во затвор, а спрема најавите на државниот истражувач секојдневно се чекаат извештаите од сообраќајната несреќа кои треба да бидат комплетирани.
-Обвинетиот дефинитивно немал возачка дозвола, вели регионалниот германски новинар Карстен Боргмајер.
Тој додава дека за време на несреќата владеел вистински хаос на автопатот и дека возачот по несреќата по итна постапка бил ставен во затвор, а пејачот и музичарот биле пренесени во болница.
Тој откри уште еден непознат детаљ од несреќата имено возачот освен без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба возел и под дејство на дрога.
Станува збор за канабис кој го конзумирал претходно.